Мавам
уште неколку од нога, па се упатувам право
во “Куќата“, модерната
меана
горе
над селото.
Со
величествен поглед на архитектонскиот убавец стар 1000 години, изграден
од Царот на ослепените војници.
Само што
на секој стоти од неговите војници му оставале по едно око, за да може да ги
води овие другите. Е тука, некаде околу ручек, ние не гледавме ни на едно око.
Двете се скоро затворени.
Од таа
пуста ракија...
Се
враќам кај Баба Маца во “заразното“ одделение веќе дебело инфициран од
алкохолните испарувања..
И пак,
поптолно исто како и пладнето. Се онесвестувам пред телевизорот, се покривам
преку глава и заспивам.
Од ново.
А
вечерта околу девет, кога селото затвора и престанува со работа, се
будам свеж.
Како
марула во Декември.
Е дури
тогаш тргнувам во живот.
Или
смрт?
Ова е
опис на само еден ден проведен во Лепче.
Само
една епизода во драмската серија под наслов “Самоубиство во најава“.
Таму
докторирав по втор пат.
Уште
еднаш ја одбранив одамна одбранетата тема.
Таму за
прв пат почувствував дека ми доаѓа крајот.
Дека
нема заебанција.
Дека ќе
се умира. Бргу и неквалитетно.
Кило
ракија на ден.
Како ви
звучи, луѓе мои?
Нормално?
Да земеш
да истураш по
едно кило ракија
секој ден на радијаторот, сигурно нешто ќе му се
случи.
На радијаторот.
Бојата
ќе му се излупи, гвинтовите
ќе му попуштат,
па ќе почне да
тече, па паркетот ќе се подуе, па после кај
комшиите одоздола ќе прокапе, па ете нови проблеми,
па
загрижени комшии, па куќни совети.
Пак
беља.
Инаку и Стотчето
многу сака да се напие понекогаш.
И
завршува исто секогаш. Катастрофално.
А две
пива му се доста. Третото е премногу.
Ракија
никако.
Ракијата
му делува како керозин. Ќе полета.
А
утредента додека тој умира, ние наебуваме.
Офка
како да се пораѓа, па после гувее како леунка.
Тогаш,
нашето “инфективно“ станува амбуланта.
Мерење
притисок, масажа на главата, ладни облоги...
“Зошто
не си умрев лани?“
Неговата
прочуена реплика.
Стотче,
Стотче, Стотчеее...
Тој не
ми се лути што го викам така.
Ама
сепак, за инает, мене ме вика “старо“. Демек дедо.
Тој се
лути кога другите го викаат така.
Особено
Другарот Ќ.
Неговата
потсвест. Неговото второ јас.
Другарот
Ќ. е
вечна тема на сплетките на Стотчето, кој ужива во тоа да му го
загорчува животот. Од ништо.
Последниот
пат го претера.
Неговите
иживувања
врз името,
ликот, делото и телото на Другарот Ќ доживеаа кулминација. Стотчето
беше зацицан од сабајле
со
ракија и пиво. Ја чистеше воздушната пушка.
Го
викаше Другарот Ќ. Кој работеше нешто во дворот отспротива да дојде
на ракија, ама овој го одби.
Еднаш,
двапати, петпати...
“Ќе дојдеш
ли маченце?“
Стотчето
сака да го полуди.
Ама и
Другарот Ќ. е
мачкан со сите масла.
“Мачки
да те изедат, пичка ли ти сестрина.“
И тогаш,
Стотчето стана, се протегна значајно, ја зема воздушната пушка, нанишани и...
Го
погоди директно дебелото
месо. Сачмата до коска. Од еден во друг двор.
И тоа
дрво пијан.
Трезен
сигурно ќе го промашеше.
После
истрелот, го слушнавме само Другарот Ќ.
Викна
како да го дефлорираат и падна покосен на тревникот. Тогаш стана и полуде. Тоа
беше викање, заканување, болница, полиција, држ, не давај...
Му
пукнаа сите филмови во режија на Стотчето.
“Да
даде Господ, догодина ова време, една година да ти даваме, лајно
едно,
за
душа ти пиеме, ич да не плачеме, вицови да кажуваме и на гробот да ти се
измочаме...“
И отиде
и во болница и во полиција заедно.
Стотчето
се качи горе во инфенктивно да ја отспие ракијата. Ќе трае тоа до утре.
Најмалку.
После
еден час Другарот Ќ. се врати од својата болничко-полициска
операција. Влезе во дворот очигледно кривејќи со едната нога која му беше во
завои до
колкот. И пријде на Баба Маца.
“Кај
е тоа гомното?“
Баба Маца не го ни погледна.
“Спие. Ти добар си?“
“Не
сум...не. Ќе
го тужам, ќе види...“
Баба
Маца продолжи со плетењето.
Знаеше
дека Другарот Ќ. никогаш
нема да го направи таква глупост. Само грака.
И откако
Ќ. виде дека нема партнер за кавга, тргна кон излезот онака повреден, па се
заврте после два чекора.
Направи
смирена фаца и низ огромна воздишка и ја
кажа
најбесмислената
и
најнепригодната реченици за вакви апсурдни ситуации. Бисер за паметење.
“Види
Мацо, ти знаеш колку јас тебе те почитувам, те сакам како мајка, тука сум постојано за
било што и да ти треба и затоа слушни го ова што ќе ти го
речам.
Кажи и
на онаа стока пијана горе, дека кога ќе стане од спиење............
мамичето
мамино ќе му го ебам. В газ.“
И
бидејќи не беше свесен каква историска глупост кажа, дека само
што и кажа на Баба Маца дека има намера да општи со неа, тој само
одважно се заврте, притоа заборавајќи дека е тешко повреден во газот,
па почна
да криви со смешно болни гримаси на лицето.
И уште
мафташе со прстот од едната дигната рака во знак на предупредување и закана...“
Во тој
момент слушнав чуден звук.
Погледнав
нагоре кон
терасата
и
имав што да видам. Стотчето, само по гаќи, со збрчкана глава од спиење кое беше
прекинато
на еден брутален начин од грачењето на повредениот
Другар Ќ.
“А бе ти
улав ли си, каков ли си. Што се дереш, бе?“
Другарот
Ќ. се стаписа, ама сепак проговоре.
“Копиле,
ќе
ми
платиш за ова и тоа со
камата...“
Стотчето
се заврте на терасата како да ќе земе цигара или нешто слично. Ова не беше ни
слично.
Ја зеде
воздушната пушката.
“Е
сега ја ебав тетка ти Краснодарка.“
Нанишани
и пак пукна по Другарот Ќ...
Овојпат
промаши. Тоа е тоа.
Со
алкохол право во газот, а вака мамурен не.
Без
разлика што Стотчето промаши, Другарот Ќ викаше како да е погоден.
Трчаше накај дома.
Го
немаше три дена.
Се
појави едно утро кога беше сигурен дека идиотот спие горе и
влезе во “интерното“ одделение. Ни
кажа дека дошол на кафе и за да не види мене и Баба Маца.
“За
вас сум дојден.
За
копилето не сакам ни да чујам. Смрден еден. Ни на гроб не му одам.“
Другарот Ќ. знае дека Стотчето не
арен.
Па не е
луд за да не види дека овој е луд.
На
скалата на лудилото од 1 до 100, Стотчето е таму кај што и заслужува. На
100-тка.
Доследен
си е на прекарот.
И
секогаш кога
лудакот ќе направи некоја глупост, јас на Баба Маца и ја
кажувам истата приказна.
Дека ова
не е нејзино дете. Ова е некое што и го подметнале во болницата уште првиот ден
по раѓањето.
Нејзиниот
вистински син најверојатно се наоѓа на некое сосема друго место. И
сигурно е некое стабилно, скромно и прибрано момче. Овој
нашиов е ѕвер.
Особено
кога е раздразнет од алкохол.
Во
суштина, луѓето се најсовршените животни.
На
трезно, секогаш се трудат да одат напред.
Да
научат нешто ново, да почувствуваат нешто друго, да видат и чујат досега
невидени и
нечуени
нешта.
Тука, во
Лепче, за прв пат почнав во некакви стари,
неупотребени тефтери да ги запишувам моите размислувања за поврзаноста на
животинското што го носиме во себе си и алкохолот, и како сево ова ни се манифестира
и
рефлектира
во
алкохолизирана состојба, иако ни на крај памет не ми беше да
пишувам книга, а камо ли дека таа ќе биде една прозна ода посветена на
мојот најверен пријател, алкохолот. Искуствата што ги стекнав во
деновите и ноќите пробдеани по секакви угостителски дупки, театарски бифиња и
шанкови, ме натераа да почнам да ги овековечувам
смешно-тажните стории и да ги чувам, за секој случај.
Е сега
е
тој случај.
Лепезата
на ликови што поминаа низ моите алкохолни реминисценции, беше навистина импресивна.
Возбудливо
различни
профили на луѓе.
Од
клошари до универзитетски професори.
И сите,
буквално сите се реинкарнираа во секакви можни животински варијации.
Полудуваат
анималните инстинкти.
Алкохолот
не бира.
Како
вирус е.
Во Лепче
ги
напишав моите први неколку редови кои станаа дел од овој прирачник. Направив
моја поделба,
по
фази, за
животинското
однесување на луѓето кога се на алкохол. Прости ми,
брате Јелинек.
Ова
што го напишав сигурно нема да влезе во ниеден стручен труд посветен на
алкохолизмот, но доволно е читателот сам
да се
препознае себе си или некој свој близок и сето тоа позитивно да влијае на
неговата психа.
................................................................................................
“Анималните
фази на алкохолизмот“
Прва
фаза.
“ПЕТЕЛ“
Сте
забележале ли луѓе мои, како петелот го колве семето во дворот? Му приоѓа
решително, ќе го земе зрното со клунот и со една посебна техника, за само еден
дел од секундата, како на екс го џитка во гушата.
Потоа
зема уште едно, па уште едно...
После
третото зрно, почнува да се “петели“ низ дворот. Значи, откако добро ќе се
наколва, на петелот почнува почнува да му се дига петлето. И многу му се колве.
Некоја кокошка.
Така и
луѓето, луѓе мои.
Штом се
напијат три, веднаш стануваат петлиња.
Се вртат
во круг, трчаат како да се муви без глави
и
кукурикаат со зарипнато гласче, смешно мафтајќи со рацете како петлите што се
кочоперат со своите крилја.
Или по
скупски, петлите многу сакаат да се курчат.
Така,
еден петел еднаш му се курчеше на Бошко мој.
Бевме
поканети на гости на некоја селска слава со градски луѓе, во фантастичен
амбиент, сместени во центарот на една прекрасна борова шума.
Ракиишта,
салатишта, скаришта...
Бошко
мој тогаш беше во најубавите години.
И за
секс и за тепачка.
“Си
го видел ти мојот петел?“
Газда Клапчо
бапна
три и почна да се курчи.
Да се
петели со својот петел.
“Сакаш
да го видиш мојот петел?“
Ова прашање заслужуваше одговор.
“Е
сега, да сум некоја скупска женска, би можела да ти ја зашлапам една, заради
овој твој безобразен
предлог.“
Сите се
насмеаа на овој мој феминистички виц.
“Не,
не..сериозен сум. Сакаш да го запознаеш Коки?“
Петелот
му се вика Коки. Е, ќе се убијам.
“Коки
е шампион. 350 борби без пораз.“
Газда
Клапчо стана како петел и отиде по петелот.
За
неполна минута се врати со едно шарено чудовиште во рацете. Тоа беше еден
прекрасен примерок на наш домашен, рурален петел. Седеше во рацете на својот
добротвор гордо и со исправена глава на чиј врв, како знаме се вееше неговата
прекрасна, црвена капчунка.
Вртеше
со главата лево-десно како забрзана снимка.
Како тој
да бапнал три ракии, а не газдата.
Му
излета од рацете на стопанот и се расртча низ дворот. Неговите несредени
движења, страшните звуци кои ги произведуваше шлапајќи со крилјата и пискавиот
глас што го испушташе, внесоа вистински немир во нашите редови. Особено кај
Бошко мој.
Кога го
виде Коки, почна да р’жи на десетка.
Сакаше
да ми се излизга од рацете како тазе фатена пастрмка. Го спуштив на
тревата.
Коки
против Боки.
Се
гледаа како на двобој.
Коки
беше два пати поголем од Бошко мој.
Бошко
мој два пати понервозен од него.
Сè се
случи за миг. Тргнаа еден кон друг. Тоа што следуваше во наредните дваесет
секунди личеше и на борба на петли и на борба на кучиња истовремено.
Само што
овде не се знаеше кој е кучето, а кој петелот.
Жените
врискаа, мажите се смееа.
Едвај ги
раздвоивме.
Газда
Клапчо го однесе Коки во непознат правец.
Ги
пребројувавме жртвите.
Коки
останал посиромашен за неколку пердуви, а Бошко мој побогат за еден нов трофеј.
Модринка
на окото. Односно во окото.
Целото
му се зацрвене во рок од една минута.
Бошко
мој се тресеше од бес. Гледаше во правецот во кој замина Коки и зар’жи
заканувачки. Го разбрав.
Му кажа
на Коки.
“Ќе видиш
ти, копиле едно. Око за око, заб за заб.“
Журката
заврши доцна во ноќта кога застуде.
Убаво си
поминавме. Имаше убави моми на журката кои беа расположени за дружба на сите
нивоа.
Ама
џабе.
Бошко
мој гризна 3 од 5 жени што ми пријдоа.
Бошко
мој, мојот бодигард.
Откако
сите се разотидоа, газда Клапчо ми ја покажа собата во која ќе преспијам.
Утредента имав настап на сосема другиот крај од земјава. Морав рано да тргнам.
Се договоривме дека заедно ќе пиеме кафе пред тоа.
Утрината
се разбудив многу порано отколку што беше потребно. Односно Бошко мој ме
разбуди.
Лаеше.
Тоа беа неговите знаци, неговиот јазик што јас го разбирав. Како доктор Дулитл.
Лаеше по
три пати. На периоди од по десет секунди.
Го
разбрав.
Бошко
мој по еднаш лае наутро за да каже дека е жив
и
истовремено да провери дали и сопственикот е меѓу
живите
исто така.
Два пати
значи мочкање.
Три пати
значи исто како и два пати плус какање.
Ова беше
три пати. Сериозен аларм.
Луѓе
мои. Кучево ќе проговори.
Секој
момент. И од септември во прво одделение.
Нека учи
детето.
Знаењето
е сила, знаењето е ноќ.
Му ја
отворив вратата за да се олесни.
И се
вратив во креветот. На доспивање.
После
десетина минути Бошко мој се врати, дотрча во собата и со пантерски скок се
качи на креветот.
Седна
како сфинга, со здрвен врат и дигнати уши.
Од
ноздрвата му висеше еден црвен пердув.
И уште
еден бел заглавен меѓу предните заби.
Пердуви
од Коки.
Бошко
мој го шмркнал Коки како кока.
Боки
против Коки.
Око за
око, пердув за заб.
Бошко
мој му ја пренесе на Коки својата животна филозофија. Трите Бошкови заповеди.
1.
Немој да се петелиш.
2.
Немој да се курчиш.
3.
Немој.
Истрчав
во дворот и имав што да видам.
На само
неколку чекори од влезот, лежеше шампионот.
Со
свиткано вратче.
Тоа беше
неговата последна, 351-ва борба.
Го
замотав во еден голем картон и го камуфлирав со отпадоците од кантата. Нека му
е лесно...ѓубрето.
Се
спакувавме како за узбуна, тивко и скришно влеговме во нашето зелено превозно
средство.
Му ја
дувнавме со Бошко мој уште пред да речеш Коки.
Фазата
“Петел“ јас лично почнав да ја прескокнувам уште како млад. Иако на младите тоа
некако им стои. Трагично е кога повозрасни луѓе се петелат.
Особено
жените. Со тоа што жените воопшто не знаат да се петелат, од проста причина што
се кокошки.
Или што
би рекле моите Јужномакедонци за пијаните жени - заледени кокошки.
Бројлерки.
Луѓе
мои, дали знаете кои се двете најлоши работи на овој свет?
Топло
пиво и пијана жена.
“Радувај
се куре на пијно пиче“.
................................................................................................
Втора фаза.
“МАЈМУН“
Луѓе
мои.
Колку
пати сте виделе мајмун во живо?
Ниеднаш?
Или
еднаш.
Во
зоолошка. Или
во циркус.
Така?
Е, не е
така.
Сте
виделе Вие многу мајмуни во живо, само што не сте ни биле свесни дека се тука, покрај
вас.
Доаѓаат
како свесни и трезни хомосапиенси и со само малку алкохол во себе, преку
претходно наведената “петелска“ фаза, полека-полека стануваат
мајмуни.
Од сите
врсти и подврсти.
Орангутани,
шимпанзи, капуцинери, горили...
Разни
луѓе, разни мајмуни.
Инаку
нашите предци по Дарвин се навистина едни прекрасни
суштества. Кога
тие се обидуваат да се однесуваат како луѓе, тоа е навистина
забавно.
А кога
ние луѓето ќе почнеме да се однесуваме како нив, тоа е веќе малку тажно. Ама
така ти е тоа.
Ние
луѓето како да сме родени за мајмунски работи.
Особено
кога се наоѓаме во оваа моја втора фаза.
Во неа,
најпрвин ти правиш мајмун самиот од себе,
а малку
подоцна се обидуваш да ги помајмунчиш и другите присутни околу
тебе.
Така јас
еднаш, се обидов да бидам помајмун од мајмунот. На
басмар, сакав басма да му продадам.
Мајмуните
ич не сакаат кога ги правиш мајмуни.
Го
сфаќаат тоа многу лично.
Мајмунот
исто така не сака да го споредуваат со луѓето а камо ли да признае
дека
од
него е настанат модерниот човек. Човекот пак, не признава дека понекогаш е
мајмун, иако потекнува од него.
Кој
човек ќе признае дека е мајмун?
Кој
пијан признава дека е пијан?
Никогаш
нема да заборавам една реклама што ја снимав пред многу години. Требаше
да биде за некакви среќки, новата игра на Лотаријата за која работев. Мораше
да се сними набрзина и затоа се одеше на лесна и ефтина варијанта. Генијалците
од рекламната агенција смислија дека тоа најдобро би било да го изрекламираме
јас и еден мајмун. Поточно мајмунче. Со црвено газенце.
Во тоа
време низ градот мошне популарен беше еден наш предок од мајмунската сорта, со
уметничко име Џиџи, сопственост
на познат
локален
фотограф, кој го шеташе своето мало, влакнесто и брадесто
чудовиште низ фреквентните места по улиците и трговските центри и за една
симпатична сума ги фотографираше љубопитните минувачи, особено
нивните деца со своето егзотично милениче.
Ние
решивме од него да направиме ѕвезда.
Се
договоривме со фотографот да снимаме пред неговиот локал за да може Џиџи да се
чувствува пријатно и сигурно. На своја територија.
Екипата
пристигна на време.
Фотографот
и Џиџи доцнеа.
Ѕвездите
доаѓаат последни, нели луѓе мои?
Јас си
седнав во кафетеријата што беше залепена до фотографскиот дуќан. И додека ме
шминкаа за да ги покријат трагите од претходната ноќ, јас тргнав да си направам
нови, уште посвежи траги. Си нарачав една тројна пијачка на последната буква и
почнавме да се договаравме со режисерот за рекламата.
Членовите
на екипата ја местеа техниката, а човекот од Лотаријата истури една вреќа
среќки на тревата.
Имаше
сигурно преку десет илјади такви.
Направи
едно купче од нив.
Идејата
беше мајмунот и јас да седнеме на брдото од среќки и да
ги отвораме една по една. Моите среќки се разбира ќе бидат недобитни, а една од
неговите ќе му ја донесе главната премија на колегата Џиџи.
Една
лимузина од соништата.
Во тој
момент, на
крајот на рекламата, Џиџи требаше да рипа од среќа како
мајмун. Затоа и е ангажиран.
Конечно
се појавија и ѕвездите.
Фотографот
и мојот колега. Газдата не запозна.
Џиџи не
ме ебаваше ни под разно. Ама тоа нема врска. Ние сме
професионалци. Па знаете ли луѓе мои, колку пати во животот сум морал да
работам со луѓе со кои обострано не сме се поднесувале, па никому ништо.
Почнавме
со снимањето.
Тоа што
го договаравме со режисерот немаше шанса да се оствари. Џиџи едноставно не
сакаше да соработува. Дали стана љубоморен на мене кога сфати дека јас имам
поголема улога во рекламата од него не знам,
но никако
не сакаше да го послуша газдата и да ги следи неговите инструкции. Сè правеше
обратно.
Наместо
да отвора од среќките кои беа пред него, тој упорно ми ги земаше моите уште
пред јас да ги отворам. Тоа исто така беше многу смешно, ама ја загубивме
поентата на рекламата. Поминаа скоро два часа од снимањето, а ние не бевме ни
блиску до целта.
Тогаш,
решив да ги преземам работите во своите раце.
Како што
во театарот лошите режисери им покажуваат на добрите глумци како да го направат
тоа и тоа, така и јас пробав да го едуцирам Џиџи во глумењето.
Седнав
врз купот среќки и почнав да ги отворам.
После
секоја отворена среќка, му покажував како да се радува. Па
рипав врз
нив, пливав
по нив, нуркав во нив, ги фрлав високо во
воздухот и
при тоа испуштав крици на воодушевување кои беа некаква
мешавина од човечка и мајмунска ономатопеја.
Луѓето
од кафетеријата и од околните дуќанчиња гледаа сеир. И имаа што
да видат.
А Џиџи
ме гледаше бело и незаинтересирано.
Почна да
си
ги чеша јајцата и да зева.
Овој
мајмун имаше тертип како магаре.
Инаетливо,
а не глупаво.
Фотографот
беше разочаран од својот пулен. Му беше сериозно лут што го изруга пред толку
народ.
На
крајот, кога стана јасно дека Џиџи нема шанси сам да ги отвора среќките и
после тоа да рипа од радост,
решивме да
прекинеме со снимањето и утре на монтажата да смислиме што ќе правиме со
снимениот материјал. Екипата си замина полузадоволна.
Јас
останав со фотографот и човекот од Лотаријата.
И Џиџи.
Опнавме
уште по неколку.
Фотографот
веднаш
ми предложи бизнис.
Јас, тој
и Џиџи.
Сликање
по школи, панаѓури, луна паркови...
И додека
ние разговаравме, Џиџи седеше со нас на масата и внимателно го слушаше
разговорот.
Божем
разбира.
Одвреме-навреме
ќе ја земеше чашата пиво од својот стопан, па ќе испиеше една убава голтка.
Такво
чудо прв пат видов во животот. Додека пиеше, ја држеше чашата како да е шишенце
со цуцла и мижеше со очите како бебенце кога го дојат.
Се
гледаше дека е искусен пијаница.
Умревме
од смеење.
И после неколку
такви бебешки голтки, Џиџи рипна од масата и се стрча кон купот среќки
кои сè уште
стоеа на тревата. Тогаш, на наше огромно запрепастување, почна да го прави она
што не го правеше кога требаше. Туку сега, кога
екипата си замина.
Сето она
што јас му го покажав го направи три пати подобро од мене. Сум бил добар
учител.
А
ученикот секогаш на крајот излегува подобар од својот учител, нели луѓе
мои?
Да ја
имавме камерата тогаш, тоа ќе беше незаборавна реклама која ќе продадеше многу
такви среќки.
Фотографот
го гледаше своето мезимче како лудува и дури тогаш се изнервира и тоа здраво.
“Не
сега бе, пичка ти мајчина...“
Џиџи
користеше пиво како допинг.
Пијаните
мајмуни се смешни до солзи.
Пијаните
луѓе се тажни до солзи.
Сите
заедно седиме во алкохолниот кафез на животот и им правиме циркуси на оние што
не гледаат.
Мајмуните
што излегуваат од нас кога сме заробени од алкохолот се
и смешни
и тажни истовремено.
Знаат и да
гризнат понекогаш. И да удрат. Да викаат.
Пцуењето
се подразбира.
Знаат и
да плукнат.
И
физички и умствено.
Мајмуните
во нас имаат растурени фризури, размачкани шминки, носат
раскопчани кошули и испотени маици, зад нив остануваат скршени чаши, кавги со
недолжни келнери, прават мајмунски гримаси на лицето, уште помајмунски движења
на телото и
испуштаат тарзански звуци како од џунглата...
Од
мајмуни настанавме, како мајмуни завршуваме...
Животот
е тркало.
Во гаќи
мочаш и на една и
на 81
година.
.............................................................................................
Трета
фаза
“СВИЊА“
Свињата
е едно од најстарите суштества на планетава.
Десетици
милиони години.
Поумна е
од сите животни заедно и од половина човечки род. А ние ја користиме во погрдна
смисла.
И за
јадење.
Свинското
во исхраната е како францускот коњак во пиењето. Се јаде во
посебни прилики.
Како што
добрата ракија се пие во ретки пригоди.
А
добрата ракија е како добра жена. Може да те збудали, да те поремети, да те
измори, да те уништи.
Таква
имаше другар ми Карлито.
Единаесетгодишна.
Таа
ракија беше чудо. Сите што ја дегустираа, кажаа дека
такво нешто немаат пробано.
Имаше
скоро црвена боја, нијанса на некој стар коњак, мирис
на бадемово
дрво и вкус што се
памети.
И откако
ќе ја испиеш првата голтка, ја чувствуваш како ти се симнува накај желудникот и
почнува да ти го загрева целиот стомак, а трпки ти шетаат по кожата.
На
крајот, во устата ти останува само оној неповторлив шмек
на бурето во кое е чувана и негувана.
Во тие
44 дена кои ги проведов кај него, во неговиот “Рајски двор“, видов што сè алкохолот
може да му направи на човекот за само неколку часови.
И како
од петел, преку мајмун, стануваш најобична свиња. И арно рекле старите - “свињо пијана“.
Таа
ракија им ја рекламирав на сите оние што за прв пат доаѓаа во “Рајот“. И лично
ги послужував.
Како
дилер на дрога што прво ги навлекува младите муштерии, а подоцна тоа добро им
го наплаќа.
Еден
ден, во “Рајот“ дојдоа многу грешници.
Дури и
отповеќе.
На
паркингот беа паркирани
само ѕверови автомобили, а на терасата паркирани нивните ѕверови сопственици.
Меѓу нив
и еден божји човек. Едно попче.
Карлито
инсистираше да го запознаам.
На
пропатување е низ нашата “рајска епархија“.
Пред да
си оди сакал да ме запознае.
Тоа беше
еден од оние божји слуги на кои им е дозволено да се женат,
да имаат деца и сè
друго.
Освен
тенката и фино негувана брадичка, ништо
друго на
него не беше попско.
Брадичката
и дебелиот пријатен глас.
Беше
облечен во цивилка. Панталони и кошула.
Како да
работи во пошта.
Попската
униформа ја оставил во багажникот.
с
“Многу
ми е драго што те запознавам.“
“И
мене,
попче.“
Седнав
на неговата маса со својата полна чаша од таа убиствената ракија на
другар ми Карлито.
“Само
минутка да те видам. Одамна чекам прилика да те запознаам. Морам дома. Ме
чека семејството.“
Разговаравме
десетина минути. За сè и сешто.
Попчето сакаше
во неколку прашања и одговори да
му го
раскажам целиот свој живот. Не оди тоа така.
“Попче,
ќе биде
ли
грев
ако
овој неверник и грешник
те
понуди со една домашна, единаесетгодишна жолта?“
“Не,
чедо божје, нема да е грев. Ама само една и амин.
Колку да
наздравиме. Оти
брзам.“
И тука
почнува приказната.
Попчето и
јас...
Тоа
требаше да се снима.
Првата
голтка на Попчето беше ужасно срамежлива.
После
втората, образите му се вцрвенија како учениче кое задоцнило на часот. А по
последната голтка од таа едната и единствената ракија што имаше намера да ја
испие, Попчето направи итна промена на Божјиот план.
Итно
нарача уште една тура.
“Да
не е грев, попче?“
“Не е
чедо божје, не е...“
Го зеде
мобилниот и почна да врти.
Изгледа
ќе се јавува дома, на Попадиката.
За
комуникација са Господ не ти треба оператор.
Ти треба
само вербата во
него.
Како
кредит.
А за
комуникација со жената, ти требаат мадиња.
Попчето
изгледа дека ги имаше.
И кажа
на својата Божја сопатничка каде е, што е и
со кого
е. Муабетот траеше не повеќе од една
минута.
Ја
информираше дека ќе поседи со мене уште малку и кај е, да е, ќе си дојде дома.
“Попче,
не сум ти јас баш некоја гаранција за кај Попадиката. Згреши што и кажа дека си
со мене.“
Попчето
се насмеа шеретски.
Стигна
ново бокалче од ракијата.
Овој пат
Попчето го фати ритамот. Бокалчето го испразнивме додека да ја кажеш „Оче
наш“.
И прв
пат јавно ја пофали единаесетгодишната.
Ги терам
ли луѓето на пиење?
Изгледа
дека одговорот е да.
За време
на следните две бокалчиња, Попчето почна да ми се отвора. Душевно. Ми ја
раскажуваше својата животна приказна. Како во исповедалница. Го извади
паричникот и ми покажуваше фотографии од неговите две синчиња. Не
пропушти прилика да ме искара за моето недолично однесување кон Божјите правила
и закони кои велат дека основната причина заради која постоиме е всушност
создавањето нов живот.
Дојде
Карлито.
“Срце
мое, убаво ли ти е со попчето?“
Истовремено
ми намигнуваше со едното око, давајќи ми ишарет да дојдам на неговата маса и да
го оставам Божјиот човек сам да си продолжи по Божјиот пат.
На
нашата маса ме
чекаше една кандидатка за целодневна дружба. Со посебна назнака на ноќта.
Во тој
момент на нашето друштво му се приклучија и двајца Божји пријатели на Попчето.
Тоа беше одлична шанса за мене да заминам. Ама тешко. И пак исто.
Одново
запознавање со новдојдените Божји чеда, одново бокалче со
ракија и
истите
прикаски...
Попчето
нарача риба.
“Еден
Божји крап, ве молам. И вино. Литар со литар.“
Попчето
ќе врти на вино.
Од
ракија на вино.
Што би
рекле старите:
“Се
откажал од цицката на мајка му, се фатил за курот на татко му.“
После
првата чаша шприцер, на Попчето му текна.
Пак и се
јави на Попадиката. Овој пат со многу понеразбирлив јазик и дикција од првот
пат.
Само што
сега изгледа
дека Попадиката му списка на Домаќинот. Поминаа
скоро три часа од моментот кога и кажа дека ќе си дојде бргу. Го држеше
мобилниот залепен за увото, слушаше и молчеше.
Најверојатно
дека
Попадиката рафално пукаше.
Кутрото
попче мрдаше со главата нагоре-надолу и на секои десетина секунди
викаше “добро, добро...“.
Конечно
кажа цела реченица.
“Да,
да...тука е. Уште сме заедно.“
И ми го
подаде мобилниот. Со насмевка ми даде знак оти знае дека знам што
треба да правам.
И
знаев.
И ги
кажав на Попадиката тие неколку стари и веќе заборавени штосови со кои обично
ги вадам другарите во вакви инкриминирачки ситуации.
Таа се
насмеа кисело, а јас и ветив дека Леси бргу ќе се
врати дома. Само што таа не ни претпоставуваше дека нејзиниот Леси веќе е
трансформиран во некоја малку покрволочна раса. Нарачуваше
уште вино.
Во
меѓувреме стигна и Божјиот крап. Попчето не го ни пипна. Башка веќе и
заборави на него. А најмногу заборави на себе и на тоа што тој претставува. И
кого.
Беше
оптеретен со Божјата задача од мене да направи пристојно Божјо дете. Му
реков дека малку е доцна за такви спортови. И дека тоа тешко дека ќе ми
помогне.
Самиот
Господ да ми е цимер, нема да може.
Почна да
се стемнува. Карлито повторно дојде да ме спаси од часот по Теологија. Ама
часот никако не завршуваше. Како да бев на дополнителна настава.
Попчето
веќе беше забеган во друга димензија.
Почна да
силува со нарачките.
Почна да
силува со муабетите.
Почна да
малтретира.
Имав
доволно време и простор да го анализирам.
На
пријателите не им даде збор да кажат. Мене ми дозволуваше да прозборам само
тогаш кога морав да одговорам на некои од неговите прашања кои стануваа сè пожешки
и потешки. Дури и за мене.
Некаде
после шест часа од нашето запознавање, повторно се јави Попадиката. Мобилниот
ѕвонеше безмилосно. Попчето овој пат не ни сакаше да се јави.
Само ми
даде знак јас да го направам тоа.
Како да
сум му Министер за одбрана.
И кажав
дека моментално не е тука. Туку таму каде што и царот и Господ одат пеш. Таа не
ми ни одговори.
Само ја
прекина врската.
“Многу
ти е лута, попче...“
Попчето
само ме погледна со своите закрвавени Божји очи и одмавна и со раката и со
главата истовремено.
“Ќе и
помине до утре. Како на кутре.“
Ахааааа...
Попчето
почна да ме разочарува. И да ме нервира.
Колку
што нему му беше пријатно во мое друштво, толку
пак
мене ми стануваше се понепријатно и понепријатно со него.
Карлито
веќе ми мафташе со рацете од неговата маса како аеродромски работник.
И тогаш Попчето,
Божјиот слуга и следбеник, ми го постави прашањето заради
кое зажалив што воопшто седнав на неговата маса.
“А жени,
има ли жени?“
И уште
тропкаше со испружениот среден прст
по масата, притоа
подигнувајќи ја едната веѓа, исто онака како што го прават тоа најголемите
шмекери.
Попчето
се интересира за жени?
Не бев
потполно сигурен дали ме прашува за мене или за себе. Не сакав ни да помислам
дека е ова второво. Оти Попчето може да јаде црвен картон.
Од
главниот судија.
Господ.
“Да
не е грев, попче?“
Тој
знаеше дека ова што го кажа е грев, само алкохолот не му дозволуваше да
го признае тоа.
“Како
што е Господ никој не е.“
Инаку
јас не верувам во него.
Во
севишниот и семожниот.
Луѓето
ми викаат - “почни да веруваш“.
Како бе
така, да почнам да верувам?
Верник
не се станува со притискање копче.
А знам
за религијата, библијата, црквата, обичаите
и
традицијата многу повеќе од оние што на своите влакнести или бујни гради
ставиле златни крстови поголеми и од оној на Господинот Господин.
Е, истите
тие секојдневно лажат, понекогаш крадат,
најчесто
не го љубат ближниот свој, туку некои далечни, знаат
скришно да претераат со храната и пиењето, копнеат по туѓото и...умираат
од завист.
Понекои,
понекогаш, понекого ќе запукаат со шамари.
Или со
куршуми...
Како
кој.
За добра
свиња нема лоша помија.
Пијаните
свињи смрдат како творови, ждригаат како нилски коњи и прдат до смрт.
Повраќаат
кај што ќе стигнат.
Обележуваат
територија како кучиња.
Е кога
ќе им се случи тоа, преминуваат во следната фаза од мојата поделба.
Објави коментар