Турскиот актер Серкан Алтунорак, кој во серијата „Величенствениот“ го глуми Јахја Ташлиџалија, го освои срцето на својата колешка Нур Фетаоглу, која ја игра Махидевран.
Двојката неколку пати е видена на романтична вечера во некој од истанбулските ресторани но тврдат дека се само блиски пријатели.
„Зарем пријателите не смеат заедно да вечераат? Серкан и јас сме колеги, нема место за паника. “ Изјави Нур во своја одбрана. Нур и Серкан заедно беа на шопинг во чевли, но тој пат имаа сереќа некој од продавачите ги предупреди дека папараците ги чекаат на излезот од трговскиот. Во тој момент кога дознале дека има папараци пред влезот тие се скарале во врска со тоа кој од нив ги има повикано папараците. Но на крај се договориле да изглумат дека случајно се сретнале и да заминат одвоено од центарот.

Објави коментар